Фотограф
Непознат
Место
Скопје
Моментална состојба
Постоечко турбе
Турбето кај Исхакбеговата (Алаџа) џамија  Турбето кај Исхакбеговата (Алаџа) џамија  Турбето кај Исхакбеговата (Алаџа) џамија  Турбе кај Исхак-беговата (Алаџа) џамија Турбето кај Исхакбеговата (Алаџа) џамија 

Турбето кај Исхакбеговата (Алаџа) џамија 

Годината на градењето на турбето не е позната, но се знае дека го изградил Исхак-бег – ктитор на истоимената џамија – уште за време на својот живот, некаде во првата половина на XV век. Во турбето не е погребан ктиторот на џамијата како што е вообичаено, но не се знае ниту кој е погребан, бидејќи натписната плоча што се наоѓала над самиот влез била извадена и однесена од германски офицер помеѓу 1915 и 1918 година. Според податоците од Евлија Челеби, може да се претпостави дека во турбето се наоѓа гробот на Паша-бег, кого го викале и Дели-паша, а бил еден од синовите на Исхак-бег. Турбето е шестаголен објект и е од затворениот тип турбиња. Градено е од добро обработен камен во две нијанси – светлосива и темносива, поставени во наизменични редови. Градбата е многу прецизна. Целиот тамбур е обложен со фајансови плочки од кои се изведени орнаменти во вид на шестокраки ѕвезди и розети, во светлосини и тиркизнозелени тонови. Фајансната декорација била реконструирана во 1972 година, а целосна реконструкција е изведена во 2019 година. Алаџа џамијата заедно со постојните турски гробови оформува еден целосен амбиент со високи урбанистички вредности.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer