Ќурчиски ан
Ќурчискиот ан во Старата скопска чаршија, (во железарската чаршија), бил изграден во втората половија на XVI век од Хаџи Мухјидин, син на Абдул Вехаб кој живеел во Ибни Пајко маалото. Ќурчискиот ан бил завештан на џамијата што исто така ја изградил Хаџи Мухјидин, а којашто постои и денес под негово име. Од киријата за анот се плаќале лицата што служеле во џамијата.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer