Проектот „Мултимедијална мапа на недвижното културно наследство на Скопје - Османлиски период“, во реализација на Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија (ЦЕИПА), го истражува, претставува и афирмира недвижното културно наследство на Скопје, а се реализира во неколку фази.
Втората фаза на проектот се одесува на изработка на мултимедијална мапа на недвижното културно наследство на градот Скопје од Османлиски период - ПРОФАНИ ОБЈЕКТИ, т.е. од крајот на XIV до првите децении на XX век. Во овој дел се претставени профаните објекти што биле изградени и егзистирале во овој период (амами, анови, безистен, мостови, итн.). На картата е обележана локацијата на секој објект, а се дадени расположливи историски податоци, усни преданија, легенди и фотографии.
Проектот е финансиски помогнат од Министерството за култура на Р. Македонија преку годишен конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата од областа на заштитата на недвижното, движното и нематеријалното културно наследство за 2020 година и Град Скопје преку Програмата за активностите во областа на спортот и младите на град Скопје за 2020 година.
Проектот се реализира во периодот март-јуни 2020 година.
Реализатори на проектот:
• д-р Виктор Трајановски, проектен координатор
• м-р Елизабета Павковиќ, асистент координатор
• Станислава Трајановска, изработка на електронска мапа/платформа
• Борис Мантов, веб администратор
• Васко Гичевски, студент - истражувач
• Божидар Маслинко, студент - истражувач
• Јехона Ајрадини, превод на албански јазик
• Христина Мирчевска, превод на англиски јазик
• Муарем Јусуфоски, превод на турски јазик