Угостителски објeкти
Во Битола како вилаетски центар, постоеле мноштво угостителски објекти. Покрај традиционалните османслиски анови, кафеани, меани, во XIX век започнале да се градат и првите хотели од евроспки тип. Според пописот во 1890/1891 година и податоците објавени во салманамето на Битолскиот вилает во 1891 година, во Битола и околината имало 160 анови, 40 казина-меани, 30 ресторани. Биле изградени и околу десетина хотели кои главно биле поствени на Широк Сокак, највидната улица во градот. За жал, до денешни дни опстоиле сосема малку објекти од овој карактер.