Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија - ЦЕИПА е здружение за афирмација на етнологијата и антропологијата. Центарот е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани формирано заради остварување, заштита и усогласување на своите уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, за поттикнување на моралните вредности и за зајакнување на меѓуетничките односи.

Здружението ЦЕИПА е формирано во 2016 г. Во него активно се вклучени доктори и магистри на  етнолошки и антрополошки науки и други сродни хуманистички и општествени дисциплини, студенти на студиите по етнологија и антропологија и други посветеници на промовирањето и заштитата на културните вредности. Исто така, во проектните активности партнерски и рамноправно се вклучени стручни лица, вработени во институциите кадешто партнерски се реализираат проектите како ментори и реализатори на проектните активности.

Цели:

  • истражување на аспектите на културата и на општеството во Р. Македонија и на Балканот;
  • професионално насочување на младите етнолози и антрополози во истражувачка и апликативна работа во полињата на етнологијата и на антропологијата;
  • подигнување на свеста на јавностаа за значењето на етнолошкото културно наследство;
  • соработка со други организации и институции од областа на етнологијата и антрополгијата.

Активности и проекти

  • Форум: „Нематеријалното културно наследство во Македонија: имплементација, заштита и промоција“;
  • Работилница за деца од школска и претшколска возраст: „Облеката краси, облеката гнаси“;
  • Работилница за деца од школска и претшколска возраст: „Од руно до чорапи“;
  • Работилница за деца од школска и претшколска возраст: „Од клас до леб“;
  • Работилница за деца од школска и претшколска возраст: „Пеам да те натпеам“;
  • Работилница за деца од школска и претшколска возраст: „Свирам да те натсвирам“;
  • Работилница „Празничните календари на заедниците во Македонија“;
  • Форум: „Етнолошкото културно наследство во Р. Македонија меѓу теоријата и праксата“;
  • Форум: „Унапредување на елементите на заштита на етнолошкото културно наследство во Р. Македонија“;
  • Монографија „Дервишкиот ред Халвети-хајати во Охрид“;
  • Аудио-издание на Списанието ЕтноАнтропоЗум на Институтот за етнологија и антропологија при УКИМ;
  • Формирање етнографска музејска збирка;
  • „Културните политики и културното наследство: сеќавања од социјалистичкиот период во Македонија“.