Хотел Синтагма
Веднаш до хотелот Ројал бил сместен хотелот Синтагма. Овој хотел бил собиралиште на припадниците на грчката пропаганда. Со менување на властите овој објект го сменил и името во Конституција. Објектот на хотелот настрадал во Првата светска војна и денес не постои.