Проектот „Популаризација и промоција на недвижно културно наследство на градот Охрид во османлискиот период“, во реализација на Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија (ЦЕИПА), го истражува, претставува и афирмира недвижното културно наследство на Охрид, а се реализира во неколку фази.
Првата фаза на проектот се однесува на изработка на мултимедијална мапа на недвижното културно наследство на градот Охрид од Османлиски период - ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ, т.е. од крајот на XIV до првите децении на XX век. Во овој дел се претставени верските објекти од сите религии што биле изградени и егзистирале во овој период (цркви, манастири, џамии, теќиња, турбиња, намазѓах). На картата е обележана локацијата на секој објект, а се дадени расположливи историски податоци, усни преданија, легенди и фотографии.
Проектот е финансиски помогнат од Министерството за култура и туризам на Р. Македонија преку годишен конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата од областа на заштита на недвижното културно наследство и заштита на аудиовизуелните добра
за 2026 година.

Проектот се реализира во периодот април-октомври 2026 година.

Реализатори на проектот:

  • проф. д-р Виктор Трајановски, раководител на проектот
  • Борис Мантов, веб администратор
  • м-р Станислава Трајановска, изработка на електронска мапа/платформа
  • Васко Гичевски, истражувач
  • Кирил Јордановски, помошник раководител и истражувач