Паркови

По низата административни промени кои се случувале во Танзматот, Битола во 1878 година станала седиште на Битолскиот вилает. Соочувајќи се со новата улога, кога од предходно имало и странски предствништва, османлиската власт повела сметка и за партерното уредување на градот. Во тој контекст биле уредени површините кои на битолчани им служеле како излетнички места, а биле направени и паркови, по углед на западноевропските градови. Ваквите потфати, главно, се одвивале во последните две децении од XIX век кога битолски валии биле особено способни и широкогледи луѓе. Во овој период биле оформени паркот Нузхетие, Горниот парк, а уредени биле и излетничките места Тумбе Кафе и Довлеџик. Според Мехмед Тефик во Битола имало точно седум вакви места кои на битолчани им служеле за рекреација и забава. Покрај наведените, актуелни биле и шеталитетото кај Каваците, Кисела Вода и платото пред Ановите на излезот од Битола.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer