Воено полициски објекти и управни објекти

Веднаш по преместувањето на центарот на Румелискиот ејалет од Софија во Битола, Битола започнала рапидно да се развива. Имено, тогаш се изградиле вилаетскиот конак, касарните, военото училиште и низа други инстуции. Постепено се изградила цела мрежа на административно-управни и воено-полициски објекти. Поинаку кажано, XIX век гледано низ призмата на архитектурата, претставува век на профаната архитектура. Воедно ејалетскиот, а потоа и вилаетскиот центар требало да биде соодветно обезбеден со определен број на војска и полиција. Со реформските зафати за време на танзиматот, Третата турска армија била трајно стационирана во Битола. Нејзиниот број бил 30 000 војници. Ова бројка во моменти на воени кризи се зголемувала. За потребите на армијата биле изградени и касарни, воени училишта, а на четирите страни од градот имало и полициски станици- караколи. Сè ова било правено со цел да се одржува кревкит мир во европските провинции на Османлиската Империја, што главно опстојувал врз силата на оружјето.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer