Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Битола
Коњичката касарна

Коњичката касарна

Касарната била сместена малку понаисток од Воената болницата. Објектот бил граден на правоаголна основа од приземје и кат, со пацио. Тука била сместена дел од коњаницата при Третата армија. Имала и простран двор пред себе кој бил користен за вежбовни активности на војниците. За овој објект не постојат пишани информации, зачувани се само неколку фотографии, но објектот фигурира и на една француска мапа од XIX век какао и на една австриска воена мапа од 1905 година. Денес објектот не постои.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer