Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Битола
Црвената касарна Црвената касарна Црвената касарна Црвената касарна Црвената касарна Црвената касарна

Црвената касарна

Објектот бил изгареден во месноста викана Шехералти на локацијата Ѓокче Бунар, односно на местото каде што денеска се наоѓа Спортската сала. Избирањето на место како и првичните градежни активности започнале во 1836 година, а војската се сместила во 1839 година. Во оваа касарна била сместена пешадијата, најбројниот дел од Третата армија. Само што била пуштена во функција во 1844 година градбата била опожарена. Грдбата имала импресивни размери. Била градена на квадратна основа со должина на ѕидовите од 180 метри, во средината имала пацио во кое се влегувало од 8 влезови. На секој од ќошовите имало изведено кули. Фасадата била целосно од црвени тули, по што и го добила името Црвена касарна. На првиот кат биле сместени канцелариите, а на горниот кат станбените простоии на војници. Објектот бил орнаментиран со особено убаво изведен главен влез.  За жал, не постои документарен запис кој бил архитектот и градителот на овој објект. Долги години се шпекулира дека Црвената касарна е дело на Стојан Везенков, но таквото тврдење не е поткрепено со никаков документ. Целосната изведба на објектот чинела 925.000 гроша. Во градењето учествувале мајсторски тајфи од поширокиот регион на битолската околија, но и од цела османлиска Македонија. Командантот на Третата армија, Ќосе Ахмед Паша го надгледувал градбењето, па дури се вели дека од негова рака загинале многу мрзеливи и неодговорни работници и мајстори. Сè до крјаот на османлиското владение и кратко потоа овој објект се користел како касарна. Тука, впрочем, била извршена и првата свечена заклетва на српските војници од битолско, по воспоставувањето на српската власт во Македонија по Балканските војни. Овој објект опстоил сè до годините на Првата светска војна кога пострадал од интензивното гранатирање на градот.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer