Проектот „Мултимедијална мапа на недвижното културно наследство на Скопје - Османлиски период“, во реализација на Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија (ЦЕИПА), го истражува, претставува и афирмира недвижното културно наследство на Скопје, а се реализира во неколку фази.
Првата фаза на проектот се одесува на изработка на мултимедијална мапа на недвижното културно наследство на градот Скопје од Османлиски период - ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ, т.е. од крајот на XIV до првите децении на XX век. Во овој дел се претставени верските објекти од сите религии што биле изградени и егзистирале во овој период (цркви, џамии, теќиња, синагоги). На картата е обележана локацијата на секој објект, а се дадени расположливи историски податоци, усни преданија, легенди и фотографии.
Проектот е финансиски помогнат од Министерството за култура на Р. Македонија преку годишен конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата од областа на заштитата на недвижното, движното и нематеријалното културно наследство за 2019 година.
Проектот се реализира во периодот јануари-декември 2019 година.
Реализатори на проектот:
•    м-р Виктор Трајановски, асистент координатор
•    м-р Елизабета Павковиќ, проектен координатор
•    Борис Мантов, веб администратор
•    д-р Даворин Трпески, стручен соработник
•    Васко Гичевски, истражувач
•    Јехона Ајрадини, истражувач
•    Станислава Трајановска, изработка на електронска мапа/платформа

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer