Образовни објекти
Со донесување на Tanzimat fermani познат и како Ѓулхански хатишериф во 1839 година започнува периодот на реформи во Османлиската империја. Со овој акт формално правно веќе се анулирале разликите меѓу муслиманите и немуслиманите во Османлиската империја и сите поданици станале еднакви пред законот. Пред Османсликата империја се отворила бурна иднина проследна со мноштво реформи, вклучително и во образованието. Дотогаш образованието главно се изведувало во џамиите односно во верски образовни инситуции мектебите и медресите. Набрзо биле отворени бројни основни училишта, во требало учениците да го продолжат своето образование по завршувањето на медресата. Во 1857 година се формирало и Министерство за образование, но имплементацијата на реформите започнала во 1863 година и тоа главно во Истанбул. Нови реформи во образванието ќе се воведат во 1869 година кога било востановено 4 годишно образование за децата, за момчињата од 6 до 10 годишна возраст, а за девојчињата од 7 до 11 годишна возраст. Покрај оваа одлука било решено училиште да има во секое село и секој град, иако ова одредба главно останала само на хартија. Во 1876 година основното образвание било регулирано со закон и постоеле два вида на основни училишта mektep i sibiyanie- основно традиционлано училиште и mektep i iptidaiye- модерно основно училиште. Во 1882 година Министерството за образование ќе ја укине оваа поделба, а во 1908 година, модерните училишта ќе станат единствени училишта кои постоеле. Во 1869 година бил донесен акт со кој во секоја касаба над 500 куќи треба да има и руждие. По завршувањето на образованието во мектебот, учениците можеле да се запишат во руждиите. Руждиите биле училишта кои имале и цивилен и воен карактер а образованието траело 4 години. По завршувањето на руждиетото, учениците можеле да се запишат во идадијата, виша школска установа која нудела образование за цивилни и воени службеници. „ Од идадиите постоеле и за еден степен повисоки школи султаниите.“ Покрај овие училиште кои главно образовале кадри од занаетчиски, цивилен или воен профил во период меѓу 1850-1860 година се формирале и посебни педагошки училишта, кои служеле за изградување на наставнички кадар. Занаетчиски училишта- ислахане, имале и улога на дом за деца без родители, бидејќи главно своите ученици ги регрутирале од таа средина. Училиштата на секое ниво биле дифенцирани според пол па така постоеле, посебни женски и посебни машки училишта. По завршувањето на овие школи учениците можеле да пристапат кон високите школи, меѓу кои и универзитетот во Истанбул формирaн во 1863 година, или во разните цивилни и воени академии.