Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Битола
Грчко централно женско училиште (Грчка женска гимназија) Грчко централно женско училиште (Грчка женска гимназија)

Грчко централно женско училиште (Грчка женска гимназија)

Училиштето било изградено во 1880 година како донација на Јован и Теохар Димитриу-Пиника, видни трговци кои работеле во Египет. Објектот бил изграден на правоаголна основа со три ката. Фасадата изобилувала со штуко украси, работена во западноевропски стил. Денес објектот постои и во него е сместена дел од НУБ Св. Климент Охридски.  Ова, во суштина, бил уште еден комплекс на училишни бјекти, бидејќи тука биле сместени и детска градинка за девојчиња како и основно училиште за девојчиња. Севкупно во сите објекти учеле око 409 деца во 1883 година. Во 1906 година имало вкупно 512 деца, во 1912 година 686 ученици, а во 1913 година 627 ученици. Иста година училиштето било затворено. Животот во училиштето бил регуларин со низа прописи, кои требало да го зачуваат моралниот и физичкиот интегритет и на учениците и на наставниците. Забележан останал примерот на Софија Гика, главната учителка во училиштето која била фатена во афера со извесен Есад ефенди, кој бил преведувач во вилаетскиот конак. Случајот бил затворен така што и двајцата ги изгубиле своите работни позиции. Во училиштето се изучувале, јазик, литература, грчка историја, математика, светска географија, цртање, пеење, рачна работа и калиграфија. Ова училиште, во суштина, служело како своевиден центар за наставнички кадар, бидејќи ученичките потоа најчесто се вработувале во основните училишта како учителки. Интересно е да се напомене дека веќе во 1912 година имало 17 грчки училишта со 2500 ученици. Оттука лесно може да се заклучи дека потребата од наставен кадар била огромна, а истиот во 191 година броел 55 наставници. По Првата светска војна објектот на гимназија бил предаден на користење на Богословијата, најверојатно во 1924 година. Подоцна, по војната тука се вселила и ден денес се наоѓа НУБ Св. Климент Охридски.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer