Конзулати

Вториот назив под кој е познат градот Битола е „Градот на конзулите“.  Епитетот кознулски град доаѓа од мноштвото конзулати што биле отворени во Битола од средина на XIX век па натаму. Прв конзулат што бил отворен е британскиот во 1851 година, а последен е Бугарскиот конзулат што е отворен по 1908 година. Конзуларните претставништва биле алатка на големите држави преку кои директно учестувае во случувањата на османлиската политика во Македонија. Напоредно со тоа тие ги спроведувале и своите државни политики. Локалното население во конзулатите и конзулите често пати гледало своевиден спас и коретив на османлиската власт. Скоро за секој злочин или прекршување на законот населението често пати во неможност да добие соодветна заштита од османлиските институции, се обраќало кај конзулите. Конзулатите воедно биле и своевиден прозорец кон европската култура што тука се ширела преку  дејството на конзулите и нивниот начин на живот. Воедно, од вонредна важност биле и разните дипломатски извештаи и дописи, низ кои се наоѓаат драгоцени материјали за историјата на македонскиот народ од тоа време и за приликите во османлиска Македонија.