Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Битола
Бугарски конзулат

Бугарски конзулат

Објектот на бугарскиот конзулат бил изграден во првата деценија на XX век и во употреба како резиденција на конзулатот бил до 1920 година. Според стилските карактеристики претставува еклектична градба со неокласични елемени, во поглед на фасадите, обликот на отворите и нивната профилација. Се наоѓа на улица „Јорго Османо“ број 20.
По Берлинскиот Конгрес (1878 година), Бугарија немала право да отвора свои дипломатски преставништва, па било формирано трговско агенство во 1897 година во Битола, со главни цели, како и на српските и на грчките дипломатски претставништва. Такви трговски агенства биле отворени и во Сер, Солун, Скопје и Дедеагач.
Прв на чело на агенството во Битола бил Г. Стојчев, кој многу се залагал за бугарската политика и пропаганда во Битола и Битолскиот вилает. Бугарското трговско агенство се стремело да го намали влијанието на српската пропаганда и на Македонкста револуционерна организација.
Со добивањето на целосна независност на Бугарското Кнежество во 1908 година, трговското агенство се унапредило во конзуларно дипломатско претставништво.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer