Српски конзулат
Објектот на српскиот конзулат бил изграден при крајот на XIX век и го сочинува визба, приземје и кат. Расчленетоста на ѕидните маси е постигната со поластри, венци и симетрично поставени прозорски отвори. Се наоѓа на улица „Св. Кирил и Методиј“ број 18, во близина на Британскиот конзулат.
Србија, со намера за остварување на своите цели, започнала националистичка пропаганда, главно со дипломатските претставништва што ги отворале во Македонија. Во 1887 година Србија добила дозвола од Османлиската држава да отвори свои конзулати во Солун, Скопје и Битола. Во Битолна бил отворен во 1888 година на чело со вице конзулот Петар Манојловиќ. Потоа, српски конзул бил Димитрија (Михајло) Боди, на должност од 1888 година. Главна и примарна цел било да се направат општини што ќе се борат за отворање на српски училишта. Заради присуството на други балански конзули во градот се водела беспоштедна војна, но имало и т.н џентелменски спогодби, како на пример договорот помеѓу грчкиот конзул Пезас и српскиот конзул Ристиќ, односно грчкото влијание да не продолжува северно од Прилеп и Крушево, а српската да не се проширува јужно од Битола. Бугарскта страна заеднички ја сметале за непријател.
За време на Илинденското востание српски конзул бил Михајло Ристиќ, кој испраќал извештаи до Белград и давал доста податоци за овој период од различни реони во Битолскиот револуционер округ. Во периодот на 1912 година се правеле тајни спогодби помеѓу Србија, Грција и Бугарија за војна против Турција, во што српскиот конзулат играл важна улога.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer