Италијански конзулат
Градењето на објектот на италијанскиот конзулат го зафатил преминот од крајот на XIX кон почетокот на XX век. Според стилот тоа е еклектична градба со неокласични елементи. Го сочинува визба, приземје и кат кои се одделени со меѓукатен венец, фасадата е разубавена со тимпанони над прозорците на катот. Се наоѓа на улица „Солунска“ број 226, во близина на некогашниот Камен Мост, но денеска ликот на самиот објект е во голема мерка изменет.
Интересот на Италија во Македонија започнал во последната деценија на XIX век, кога Италијанското Кралство вработило 1 500 работници (рудари, ѕидари, надничари и друго), а со тоа се пројавила и идејата за отворање на италијански конзулат во Битола. Отворен е на 8 април 1895 година со италијанскиот конзул Џузепе Росет. Имено, Италија била меѓу последните што отворила конзулат во Битола, но и од последните што го затворила во 1945 година, кога прекинал со работа.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer