Романски конзулат
Зградата на романскиот кознулат, најпрво имала намена за романско училиште. Ја сочинуваат визба, приземје и кат, а самиот објект е од типот на јавни објекти. Дводелните мермерни скали со дорски столбови и тимпанон над истите му дава на објектот монументален изглед. Се наоѓа на улица „Белградска“ број 6Б.
Цел на романската дејност во Македонија била придобивање на влашкото население и нивно одделување од Цариградската Патријаршија, а во Македонија таа била најмоќна токму во Битослкиот вилает. Преку дипломатското претставништво во Битола се остварувале интересите на Романија.
Романија е меѓу последните држави што отворила дипломатско претставништво во Битола, односно во 1895 година. Прв романски конзул бил Константинеску, а за време на Илинденското востание бил дипломатот Падеану. Како Генерален конзул во 1907 година во Битола бил конзулот Пенуеско.
Во фондот на Браќата Манаки сочувани се 7 фотографии што биле направени во Романскиот конзулат, најчесто направени за време на националниот романски празник 10 мај.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer