Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Битола
Руски конзулат

Руски конзулат

Зградата на рускиот конзулат бил изграден во 1905 година. Со своите архитектонско-естетски карактеристики претставува тип на академизам, со влијанија од неоренесансата и неокласицизмот забележани на фасадата и во распоредот на отворите, како и украсите околу нив. Се наоѓа на улица „Пеце Матичевски“ број 22, наспроти Пелагонка 2 (или “старата болница“) и во близина на Центарот за култура Битола и ОУ „Гоце Делчев“.
Русија отворило дипломатско претставништво уште во 60-тите години на XIX век, што на почетокот преставувало еден вид дипломатска агенција. Влијанието на Русија на Балканскиот Полуостров особено се зголемило во втората половина на XIX век и се спротивставувало на сличните интереси и стремежи на тогашна Австро-Унгарија. Руската влада овозможила право на отворање на дипломатски претставништва во поголемите градови на вилаетите во Македонија.
Прв руски конзул во Битола бил дипломатот Михаил Александрович Хитров во 1860/1 година. Народот гледал на неговото доаѓање со радост и верување дека тој ќе ги штити нивните интереси. За самото негово пристигунување тој, на Рускиот Амбасадор во Цариград му кажал: „На секаде ме пречекуваа со радост и слушнав дека одамна и со нетрпение чекале руски конзул“. Хитров се залагал пред турските власти за одбрана на христијанското население од насилствата и неправдата што била нанесувана од корумпираната власт. За време на неговата четиригодишна служба оставил вредни историски податоци за Битолскиот вилает. Следниот конзул, Н.Ф. Јакубовски, обезбедил стипендија за Царева Миладинова, ќерка на Димитрија Миладинов за нејзино школивање во Русија.
Во периодот од 1895 до 1903 година руски конзул бил Александар Аркадиевич Ростковски кој многу пати е спомнуван во македонската историографија. Особено се интересирал за револуционерната организација, успешно интервенирал пред локалните турски власти и го заштитувал македонското население. Исто така, комуницирал со дипломатите, особено со австро-унгарскиот дипломат Август Крал. Во неговото семејство, како воспитувач на неговите деца, бил Крсте Петков Мисирков.
Во фондот на фотографии на Браќата Манаки, 6 фотографии се направени во Рускиот конзулат, со претставници на рускиот, но и други конзулати, како и представници на турската власт во Битола.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer