Француски конзулат
Објектот бил изграден во 1903 година, најпрво како сопственост на црквата Св. Димитрија, а од истиот период се користи како административен објект. Архитектонскиот концепт на објектот на Францускиот конзулат е комбинација од станбена зграда и објект од јавен карактер. Тој претставува пример на вистински француски неокласичен стил во архитектура од XIX век. Најкарактеристичен е балконот на катот во вид на колонада при што се формира отворена галерија. Се наоѓа на улица „Св. Кирил и Методиј“ број 6, веднаш до грчкиот конзулат.
Француското дипломатско претставништво во Битола било отворено во 1854 година. Француските дипломатски и воено-стратегиски претставништва биле раширени низ целиот свет, но кон крајот на 50-тите години на XIX век, Франција го затворила конзуларното претставништво во Битола, поради економска слабост. Кон крајот на XIX век, силен замав зела католичката пропаганда, особено преку редот на Лазаристите, што довело до повторно отворање на Француско дипломатско претставништво во 1895 година. Тогаш сите странски претставништва почнале да пројавуваат политички интереси за зголемување на нивното влијание во овој дел на Балканот.
За време на Илинденското востание францускиот вице конзул Макс Шублие давал извештаи што ги опишувале ситуациите во Битолскиот вилает, со што француската јавносто била запознаена со положбата во Македонија. Под влијание на многу битни личности од Франција биле организиран митинзи и протестни собири со цел француската валада да преземе соодветени мерки за подобрувањето на положбата на Македонија и нејзниот народ. Исто така, била праќана помош за настраданото население за време на Илинденското востание.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer