Резиденцијата на султанот Мехмед V Решад
Локалните османлиски власти долго пред 1911 година се подготвувале за предстојната посета на султнаот Мехмед V Решад на Битола. Биле превземени нужните реставрациски потфати на џамиите и останатите важни објекти од градот. Била откупена и една беговска куќа што требало да биде доградена и преправена со цел да одговора за престој на султанот. Резиденцијата има правоаголна фомрма, се состои од кат и приземје. Објектот е пример за еклектична и неоренесансна архитектура. Декорот на фасадата е особено збогатен со аголни врски, отвори, картуши, венци, надополнети со богати орнаменти од керамика со цветни мотиви. На северната страна има мала градба што некогаш била амам, кој бил до просториите од харемот, во близина на резиденцијта на султанот Мехмед Решад. Внатрешноста на објектот не е многу видоизменета, орнаментите на стаклото, вратите и дрвените таваници се од времето на неговата изградба и се автентични, како и распоредот на собите и сл. Султанот во објектот престојувал многу кратко, но сепак ова здание до денес важи за бисер на османлиската архитектура во Битола. Во подоцнежниот период во овој објект престојувале и генералот Сари и престолонаследникот Александар Караѓорѓевиќ. Еден времеснки период по ослободувањето тука биле сместени Општината, како и градскиот архив. Од 1979 година овој објект до денес служи како ректорат на Универзитетот Свети Климент Охридски.
Од престојот на султанот во Битола останала да се прикажува и една анегдота. Оваа анегодата ја запишал Александар Стерјовски во својата книга „Реката Драгор“, издадена во Битола во 2009 година. Анегдотата ја пренесуваме во целост: „Султанот Мехмед V Решат, се знае, беше познат пијаница и многу дрчен во јадењето. Само да намириса некакво јадење, веднаш лиги му протекувале. Кога бил во Битола на една од своите прошетки со пајтоно поминал и преку Ленски мост. А таму наредени еден до друг битолските мезеџии. Главите ги нурнале до земја од страв. Од калајлисаните сании пред нив се шири ли се шири миризба – убајна, умрен да посака да проба. Го прашува везиро шо бил до него, шо е тоа шо мириса толку убоо.
– А-а, тоа, честити царе, е од мезето што го продаваат овие шо се покрај мостот, со тоа се храни сиромаштијата. Не е за секој. Се прави од црева, од бел и црн џигер, чкембе и др.
– А можи да се проба?
– Како не можи?!
– Веднаш! – скока везиро и право кај мезеџиите. Гледа де во еден де во друг за да види кој е најчист, а тие гнаса. Гледа, гледа и најпосле му вели на еден:
– Дај, сечи од најдоброто парче! Клај го и во леб!
Мезеџијата се треси, вади половина сомун, го сечи наполу и во средината реди малку ширден, малку црн џигер, малку од другите работи и врз сето тоа тура софт, буковска пипер и други мирудии и му го подава.
Везирот го граба и трча кон пајтоно. Му го дава на султанот, а тој како цела недела да бил гладен, го голта ли го голта, вчас го снема.
– О-о, чок, чок ѓузел! – коментира радосно.
Везирот, кој сметал да се препорача, ветува:
– Честити царе, утре ќе напрајме теферич, ќе го викнам најдобриот мезеџија и ќе јајме најдобро мезе шо е напрајно во Битола.
Речено – сторено.
Се распраша кој е најдобар мајстор и го капариле за теферичот во Кисела Вода. Кутрио мезеџија цела вечер чистел. Ги миел и ги преврќал цревата, чкембињата, дробовите и другите додатоци. Другото утро уште рано – рано со кола со казанот и со дрвата право во Кисела Вода. Кога дојдоа гостите – веќе беше сè готово. Целиот во бели и чисти алишта чека наредба. Везирот му дава знак, а овој го носи мезето првин она за султано, а после и на другите. Сите чекаат султанот да проба, па да почнат и тие, како шо е редо.
Султанот каснува. Каснува уште еднаш. Ја врти главата и вели:
– Јок, ова не е како вчера!
– Шо напрај, бре ќопек, скока везиро, нели ти реков да прајш мезе за султан?!
Мајсторо се треси како лист и се брани:
– Честити везире, напрајв како шо требаше и го правев максус за султан, цела ноќ го чистев со жената, трунка не остајвме нечистотија. Кога прајме за овие нашите, тогаш само неколку пати во Драгоро, кај Кланицата, прајме тапа-туп, го плетиме, го пикаме в тенџере и го носиме на фурна.
Ќе да му ја извајфме софта зато изгледа не е вкусно!”
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer