Воено Руждие
Военото Руждие најверојатно било отворено во 1893 година. Во 1896/97 година во ова четирикласно воено училиште (прогимназија) учел 361 ученик. Веќе во учебната 1900/1 година имало 189 ученици. Училиштето се наоѓало во близина на железниот мост, односно во Демирќопру маало кое своето име го добило токму по Железниот мост. Ова училиште продолжило да функционира и во време на Кралството Југославија. Денес објектот не постои. Градбата била изградена во османлиски дух со примеси за западни архитектурни влијанија.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer