Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Битола
Св. Кирил и Методиј Св. Кирил и Методиј

Св. Кирил и Методиј

Објектот на денешното училиште св. Кирил и Методил е изграден во 1897 година. Имено, на истиот простор постоело Женско четирикласно училиште што имало стар и нефункционален објект. Интересно е да се спомене дека во стариот објект во 1883 година за прв пат била изведена театарска претстава на локалниот македонски дијалект. Била изведена претставата „Беспаричие“ од рускиот автор Тургењев. Оттука, егзархиската црковно-училишна општина во содејство со 36 еснафи од чаршијата решила да изгради нов објект во кој ќе бидат сместени 3 училишта. Објектот бил проектиран да има 16 светли училници, градбата да биде 29,40 метри долга, 11,70 метри висока и 18,60 метри широка. Објектот има два ката со убаво декорирна фасада во европски стил. Во објектот требало да се сместат машкото основно училиште, женското основно училиште и женското четирикласно училиште. Градењето на објектот чинело 1 750 златни лири, што за тоа време било прилично голема сума. Овој училиштен комплекс прераснал во вистински културно-образовен центар на Битола. Училиштето честопати било средиште на ученички немири и бунотови, место каде се пропагирала македонската револуционерна борба и идејата за слобода. По Првата светска војна зградата на училиштето била присвоена од страна на црквата и издавана под кирија на приватни лица. Треба да се спомене дека во ова училиште, во втората половина на месец ноември 1944 година започнал курс за обука на македонски учители. Со тоа, ова училиште станало едно од првите во земјата каде започнала да се изведува настава на мајчин македонски јазик.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer