Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Битола
Цивилната гимназија Цивилната гимназија

Цивилната гимназија

Idadiye mulkiye односно цивилната гимназија била училишна институција која требало да подготвува кадри кои би влегле во административната служба на Османлиската Империја. Во училиштетот учеле деца од сите краишта на вилаетот. Поради тоа училиштето имало и свој интернат и здравствена служба. Отворено било во 1884 година, кога валија на вилаетот бил Халил Рифат паша. Во ова училиште се изучувале низа предмети: математика , историја на уметност, јазици, географија итн., односно, сè што му било потребно на еден угледен и високо рангиран чиновник. Во учебната 1900/1901 година училиштетот имало 244 ученици, од кои 216 муслимани и 28 христијани. Гимназијата била сместена во куќата на Сали Бег која бил откупена со наменски средства и претворена во училиште. Објектот постои и денес и преставува особено убава градба градена во европски стил, со прекрасни штуко декорации на фасадата. Објектот имат три ката, а денес во него е сместено СОУ Јосип Броз Тито.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer