Воено руждие
Воените руждии започнале да се отвраат за прв пат за време на владењеето на султанот Абдул Азиз I (1861-1876), а нивниот број се зголемил за време на владеењето на султнаот Абдул Хамид II (1876-1909) година. Битолското руждие е изградено во вториот период, кога се градела екстензивна мрежа на нижи воени училишта, однсоно според Мехмед Тефик, во 1882 година. Објектот имал правоаголна градба. Се протегала на просторот каде денеска е сместен објектот на ЈП Стрежево, а неговата источна страна допирала до Иса Фаќих џамијата. Училиштето имало голем број на ученици. Уште во првата година на постоењето имало 245 ученици. Наставата треала три години, а се учело во две смени, денски и ноќе. Во учебната 1900/1 година, кога училиштето имало 534 ученици, директор бил Мехмед Тахир ефенди. Се изучувале следниве предмети: арапски, персиски и турски јазик, османско државно уредување, француски јазик, цртање, правопис, итн.
Покрај ова училиште постоло и нижо артилериско училиште, кое во учебната 1898/99 година го посетувале 27 питомци.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer