Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Битола
Воена гимназија Воена гимназија Воена гимназија

Воена гимназија

Воената идадија е изградена во 1846/7 година во Битола. Ова училиште е едно од првите од овој тип кои биле изградени во Осмалиската Империја.  Може да се каже дека османлиска Макеоднија, во суштина, е првата територија од царството вон Истанбул која добила современо воено училиште.  Градбата има правоаголна форма, со внатрешен двор - пацио. Зградата е особено добро изградена во комбиниран западно европски стил со извесни елементи од традиционалната османлиска архитектура. Пациото како и дворот пред објектот биле користени од страна на кадетите за разни физички и културни активности. На гониот кат биле сместени училниците, додека на долниот дел имало интернат во кој престојувале учениците. Училиштето се стекнало со голем углед поради квалитетот на наставата, па тука доаѓа ученици од сите краишта на Румелија.  Веќе во 1854 година имало 140 ученици, потоа во 1867 година 70-90 ученици. Во учебната 1893/94 година имало 245 ученици, а во 1900/1 бројот на ученици се искачил на 275. Во периодот од 1900 година до 1909 година идадијата прераснала и во вишо воено училиште, односно Харбие. Школувањето траело две години. Харбието во 1909 година било преместено во Истанбул, додека идадијата продолжила да функционира сè до 1912 година.
Во училиштето се изучувале следниве предмети: градежништво, француски јазик, математика, историја, географија, цртање, физичко образование и друго.  Интересно е да се споемне дека во ова училиште историја предавал Мехмед Тефик. Мехмед Тефик може да се смета за еден од првите современи историчари кои живееле на овие простори. Автор е на првата книга која говори за историја на Битола под наслов „Историја на Битолскиот вилает“.  Впрочем, Мехмед Тефик е личноста која ќе го спречи колежот и грабежот врз затекнатите 283 ученици во време на српското освојување на Битола во 1912 година.  Во текот на Првата светска војна објектот бил користен како воен стационар. Потоа, опстоил како касарна што ја користел и 46-тиот  пешадиски полк на кралската војска на СХС. По ослободување, и Југословенската народна армија го користела објектот како касарна сè до времето кога во неа била сместена установата НУ Завод и музеј Битола. 
Познати ученици кои учеле во идадијата:
Мустафа Кемал Ататурк (Mustafa Kemal Atatürk, 1881–1938), основачот на модерна Турција од 1896 до 1898;
Ахмед Нијази Бег (Ahmed Niyazi Bey, 1873–1912),  водач на малдотурската револуција;
Фетих Окијар (Fethi Okyar, 1880–1943), втор премиер на модерна Турција.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer