Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Битола

Француски школи

Дејноста на француската мисија во Битола започнува со Жан Жозеф и започнувањето на неговата дејност во 1856 година. Тој постојано работел на француското културно и верско шириње низ Битола. Работата особено му се олеснила по формирањето на  Унијатската црковно-училишна општина од 1864 година на чело со Димо Папуџијата. Првото училиште било организирано во 1856 година на Широк Сокак, најверојатно во близина на Католичката црква. Наставта се изведувала на француски, но и на словенски јазик. Во училиштата доаѓале христијани, Евреи, но и деца на богатите Османлии.  Училиштетот во почетокот имало околу 50-тина ученици, но во 1883- 1884 година бројот им опаднал на 20. Некаде кон почетокот на XX век училиштето прераснало на ниво на прогимназија што било кулминација во дотогашната работа. Во 1904 година училишната дејност им била предадена на маристите, исто така француски мисионери. Маристите училиштето го пренеле малку подолу од лазаристичкиот објект, односно на просторт каде денес е сместен Рабтничкиот универзитет. Имало солидни услови за работа. Објектот бил изграден на два ката, а во долниот дел имал 11 дуќани. Во 1905 година училиштето имало 55 ученици. Во ова училиште своевремно предавале и Васил Мончев, но и преродбеникот Јован Хаџи Константинов Џинот. Мисионерите често соработувале со учителите кои произлегувале од месното население, со цел полесно да им се приближат и мисионерската дејност да биде поуспешна. Првиот објект на француското училиште настрадал во пожар во 1909 година, а додатно бил до темел разрушен во 1916 година кога бил гранатиран. Француската просветна дејност полека замирала низ годините на Првата светска војна. Потоа, по војната, маристите се нашле во извесна немилост, па во 1927 година морале да им ги отстапат објектите на Вакуфското меарифство бидејќи тој простор бил вакуфски. Имено, од спротива на училиштетот постоело едно теќе кое во тој период сè уште било активно. Со ова, всушност, се затворило француското училиште во Битола, а пота во истиот објект бил сместен Народниот универзитет.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer