Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Битола
Сточарската станица

Сточарската станица

Сточарската станица била подигната недалеку од црквата Света Недела во 1908 година. Овој чекор бил превземен, пред сè, поради фактот што Младотурците имале замисли и идеи Османлиската Империја да стане една нова современа држава во секој поглед. Земјоделието во една доминантно аграрна земја било главен двигател на економијата и од тука се јасни заложбите на османлиската власт. Годината 1908 се зема како година за основање на училиштето, бидејќи кадарот што работел во т.н. Сточарска станица имал за задача да обучува млад кадар за заштита на сточниот фонд, за спречување на заразните болести (шапот, лигавката и др.) што ја напаѓале стоката. Обуката се изведувала прво во Станицата, а потоа и во касарната со што на своевиден начин била заштитена од страна на турската војска. Нејзин патрон била Воената касарна од каде доаѓале стручни лица и држеле предавања. Сточарската станица настрадала во воените операции од Балканските и Првата светска војна. На нејзино место била изградена нова зграда која станала Нижо земјоделско училиште. До 1941 година  работело како такво, а веќе по 1945 година, па сè до денес истиот објект е Средно земјоделско училиште.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer