Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Битола
Беледије (општина)

Беледије (општина)

Беледијата односно старата османлиска општина била четвороаголен објект од сутерен, приземје и кат. Била прилепена веднш до Саат кулата. Ја проектирал општинскиот архитект Хараламбо со помош на Тодор Михајловиќ, а градбата ја изведувал Михајло Поповиќ. Финансиските издатоци за новиот објект биле покриени од страна на османлиската општина. Тука била сместена османлиската градска управа која се состоела од преседател (беледие реис), реис и меџлис односно општински одбор што пак, го формирале заедно општинското собрание односно џемиетот. Последен претседател на османлиската општина Битола бил Омер Шукри Ефенди. Секој можел да биде дел од османлиската општина, посебно по 1908 година, кога било доволно само да има навршени 30 години и да е редовен плаќач на данок на имот. По српското освјување на Битола овој објект станал Физикат. Физикатот бил институција која се грижела за народоното здрваје и имал 3 оддели: превентивен оддел, хиегиенко-епедиомиолошки оддел и куративна заштита. По Втората светска војна овој објект станал станбен простор и извесен период тука живеел битолскиот јасновидец познат меѓу народот како Десоецот. Потоа, објектот настрадал во пожар, а целосно бил урнат во 1948 година како впрочем и сите останати градби од тој простор, каде бил направен денешниот плоштад.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer