Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Битола
Белата Касарна Белата Касарна Белата Касарна Белата Касарна

Белата Касарна

Белата касарна во суштина е потполна реплика на Црвената касарна со извесни разлики на влезниот дел. Била сместена веднаш до Црвената касарна.  За да се изгради оваа касарна било потребно пространо земјиште. Земјиштето се стекнало по пат на купување на ниви од поединци, но и од вакуфите. Имено, на местото на Белата касарна се наоѓал гробот на почитуваниот битолски светец Џигер Баба. Градбата била започната во 1843 година година, а завршена неколку години подоцна. Јохан Хан ја опишуваа оваа градба како огромен квадрат во кој можеле да се сместат 8 000 војници. Тој со пиетет зборува за хигиената на објектот која била на екстремно високо ниво. Овој објект бил сензација за битолчани, посебно кога се славеле држвните празници.  Тогаш, поради белата фасада, огнометот, воената музика, топовските салви, бенгалскиот оган и сите други пропатни светлосни спектакли давале ефекет како касарнатата да е жив пламен. Ваков е описот кој го дава еден очевидец на денот на изборот на султанот Абдул Азис на престолот, на 11 јуни 1862 година. Ова касарна опстоила сè до 1916 година кога пострдала како реузлтат на пожар, а потоа и на гранатирањата во екот на Прватат светска војна, по што објектот бил срушен до темели.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer