Тумбе Кафе
Ритчето Тумбе Кафе одсекогаш било омилено место за излети на битолчани. Неговото уредување започнало во времето кога валија бил Абдул Керим Паша (1894-1899). Започнало пошумување на ридот кој поради пожари бил соголен, но и поради фактот што во близина биле магацини за барут и муниција, па војската превентивно ги исекла и оние мали грмушки што останале. Целосно преуредување, нивелирање на земјиштето изведување патеки, се направило по повод посетата на султнаот Мехмед V Решад во 1911 година. Тогаш тука бил направен и специјален киоск, една мала орнаментирана градба, каде се давал и свечен ручек, а гостите уживале на „теферич“. Низ понатамошниот тек на историја Тумбе Кафе сè до денес е омилено излетничко место и еден од симболите на Битола.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer