Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Скопје
Амамот на Туз Пазар Амамот на Туз Пазар Амамот на Туз Пазар

Амамот на Туз Пазар
Локацијата на овој амам се наоѓала југоисточно од Иса-беговата џамија, во подножјето на возвишението на кое се изградени Султан Муратовата џамија и Саат-кулата. Тој бил познат и како Невестински амам, како Амамот во Лонџа, а постарите скопјани го нарекувале и Амамот на Туз-пазар (пазар на сол). Во пишание извори се сретнува и како Амамот на Ибрахим Чауш.
Не се знае кога точно бил изграден амамот. Меѓутоа, начинот на градењето како и декоративните елементи што подолго се зачувале на одделени места, го вбројуваат во редот на постарите амами изградени кај нас. Не е познато кога точно страдал овој амам и кои биле причините за неговото пропаѓање. Меѓутоа, тоа може да се претпостави познаваќи ја историјата на овој град и природните катастрофи што се случувале.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer