Бегова кула
Беговата кула е изградена некаде на крајот на XVII и почетокот на XVIII век. Салих Асим го дава податоток дека била сопственост на фамилијата Кулелилер. Кулата има приземје и 3 ката. Висока е 14 метри, со кватрадна основа од 7,5 х 7,5 метри, а широчината на ѕидовите во приземјето изнесува 1,45 метри. Спаѓа во посебен тип на архитектура која покрај станбен имала и одбранбен карактер. Поради одбранбениниот карактер има бројни отвори за пушки. За затоплување биле изградени две огништа на првиот и вториот кат додека третиот кат се затополувал од оџаците кои поминувале низ него. На третиот кат има теферичи односно благо издадени балкони од дрво. На првиот и вториот кат водат камени скали кои се споени со ѕидовите, а на третиот кат се искачува по дрвени скали.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer