Воена болница
Најстарата воена болница во Скопје била изградена во 1844 година. Четириесет години подоцна во 1884 година била изградена нова со капацитет од 150 легла, која подоцна била и проширена. Во 1896 година во оваа болница имало 11 медицински лица. По 1912 година овој објект и понатаму се корисел како болница позната уште и како К’з’л ај односно Црвена (полу)месечина. Болницата се наоѓала во близина на денешниот хотел Континентал и доскорешниот комплекс Скопски саем. Објектот бил изграден на приземје и кат во ориентален стил со западноевропски архитектурни влијанија, пред сѐ барокот, класицизмот и стилот на Луј XIV.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer