Фотограф
Виктор Трајановски и непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Скопје
Саат кула Саат кула Саат кула Саат кула Саат кула Саат кула Саат кула Саат кула Саат кула Саат кула Саат кула Саат кула Саат кула Саат кула

Саат кула
Изградбата на саат кулите на подрачјето на Балканот под Османлиската Империја започнала во средината на XVI век. Нивната распространетост била условена од урбанистичкиот развој, а и од верските потреби што ги вршеле исламските верници во одредено време од денот. Заради читање на времето, на едната или на сите четири страни на кулите се поставувале јавни часовници. Најпрвин саатовите го отчукувале времето a la turca (месечев час), а подоцна a la franga (европски).
Саат-кулата во Скопје, била подигната во периодот помеѓу 1566 и 1572 година, на возвишението на некогашниот Горен град, кај денешен Бит-пазар. Била изградена покрај манастирот Св. Ѓорѓи – Горгос Скоропостижник од XI век, кој се наоѓал на местото на денешната Султан Муратовата џамија. Механизмот на саатот бил донесен од Сигет, Унгарија, по неговото заземање од страна на Турците. Патописци од различни култури и вери изградбата на скопската саат кула ја припишуваат на христијанското население. Хаџи Калфа, постар турски географ, спомнува дека „Скопје има саат кула уште од времето на неверниците, најголема од сите познати саат кули кај христијаните. Таа бие и дење и ноќе, а ѕвоното ѝ се слуша до два часа ôд.  Посебен саатчија сѐ грижи сѐ да е токму во неа“. 
Во големиот пожар од 1689 година, кулата претрпела голема штета, но останала во првобитниот облик до 1904 година, кога по наредба на скопскиот назир Али Х`взи-паша од темел до половина била направена од камен, а другата половина нагоре, од дрво. За време на земјотресот во 1963 година, саат кулата била многу оштетена кога бил изгубен и часовниот механизам. Подоцна саат кулата била обновена, но без нејзиниот часовен механизам. Новите часовници на кулата биле додадени на 26 мај 2008 година, во рамките на проектот на Општината Чаир за нејзина реконструкција.
 Од дното до врвот на кулата, каде што се поставени часовниците, водат 105 скали.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer