Улица „Јени џаде“
Улицата „Јени џаде“, односно денешната улица Македонија била направена специјално за посетата на претпоследниот (35-ти) турски султан Мехмед V Решад на Скопје. Улицата била свечено пуштена во употреба во јуни 1911 година. Во тоа време железничката станица била сосема надвор од градот (неколку метри зад сегашната Стара железничка станица), а градот практично почнувал од Камениот мост, па натаму. Но, „Јени џаде“ (односно „Нова улица“), веднаш станала важен и престижен простор. Набргу потоа била именувана по претходникот на Мехмед Решад, односно во улица „Султан Хамид“. За време на Првата светска војна се викала „Цар Фердинанд“, од 1922 година „Краљ Петар“, додека од 1942 година „Цар Борис“. Најдолго го носела името „Маршал Тито“, што го добила по ослободувањето, а во „Македонија“ била преименувана во 1993.
Улицата водела од железничката станица, па преку Камениот мост, низ чаршијта сѐ до вилаетскиот конак. Паралелно со оваа улица постоела една која била пресечена во пораниот период кога била отворена железничката станица.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer