Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Скопје

Султан Муратова медреса
Џамијата и медресата биле изградени во втората половина на 1436 г. од страна на султанот Мурат II, таткото на султанот Мехмед Освојувачот. Од натписот над влезната врата се дознава дека џамијата настрадала во пожар во 1537 или 1538 г. Кога султанот Сулејман Величествени 1542 г. поминувал низ Скопје за Виена, наредил да се поправи. За нејзино издржување моќниот ктитор богато ги дарувал и џамијата и сите нејзини свештеници и службеници, а селата Кожле и Горно и Долно Водно биле нејзин вакуф. 
Оваа џамија изгорела по втор пат во големиот пожар во октомври 1689 година, при инвазијата на Хабсбурговците. Без сомнение тогаш огнот ги уништил и нејзиниот имарет и медресата, како и останатите главни и споредни згради околу неа.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer