Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Скопје

Медреса на Карли заде
Медресата била изградена во 1495 година заедно со Бурмали џамијата од извесен Мехмед-бег кој потекнувал од многу влијателна фамилија Карли-заде (Karli-zâde) познати и како фамилијата Токо (Tocco). Вакафнамето за оваа џамија, кое би содржело подетални информации за основачот, е загубено. Своевремено, покрај Бурмали џамијата се наоѓале и други придружни објекти. Се среќава податок дека медресата на Карли заде се вбројувала меѓу најпознатите медреси во Скопје. Според достапните фотографии се гледа дека веќе во XIX и XX век медресата не постоела, а Бурмали џамијата била срушена во 1925 година.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer