Фотограф
Непознат
Место
Битола
Моментална состојба
Активна црква
Свети Елена и Константин  (Влашка црква) Свети Елена и Константин  (Влашка црква) Свети Елена и Константин  (Влашка црква) Свети Елена и Константин  (Влашка црква) Свети Елена и Константин  (Влашка црква) Свети Елена и Константин  (Влашка црква) Свети Елена и Константин  (Влашка црква) Свети Елена и Константин  (Влашка црква) Свети Елена и Константин  (Влашка црква)

Свети Елена и Константин  (Влашка црква)

Црквата Св. Константин и Елена или позната и како Влашка црква, порано се наоѓала на местото на денешниот хотел Епинал, била изградена во 1904 год. Била градена во моментот кога било во подем влашкото национално движење. Еден од најангажираните во однос на овој проект бил поетот Константин Беламаче. Проектот бил обвиткан со извесна тајност бидејќи најпрво намерно била раширена вест дека до хотелот Централ ќе биде граден обичен семеен дом. Дури во почетокот намерно се градело така што биле препознавани одделни соби за живеење. По завршувањето на градбата, дошло и ирадето од 23 мај 1905 година со кое на Власите им се признава јазик на богослужба. Поинаку кажано, освен грчкиот јазик сега Власите имале можност да богослужат и на свој јазик. Во прво време, всушност, и првата богослужба била извршена ноќе, во страв од локалните османлиски и патријаршиски власти, кои во овој случај дејствувале заедно. Црквата имала и свој иконостас, а најстрите икони потекнувале од 1896 година. Престолните икони биле изработени од, во тоа време, познат битолски сликар Константин Шкодреано. Била изградена на приземје и кат, а имала и подрумски простории. Кон тремот на северната страна имала и трикатна камбанарија.  Црковното ѕвоно за прв пат почнало да се огласува по 1908 година кога религиозните слободи биле проширени. Црквата доживувала и извесни надоградби во текот на историјата, особено по Првата светска војна. 
  Храмот бил срушен во 1968 година, а реликвиите и другиот црковен материјал бил пренесен во денешната црква која во Влашкото маало се изградила во 1969 година и била преместена на нејзината денешна локација, во населбата Стара Болница. Како и многу други објекти, така и овој, паднал како жртва на модернизацијата на градот која многу често се правела без соодветно чуство за историската вредност на културното  наследство, но некогаш и од нечии идеолошки или лични желби и размисли.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer