Евангелско методистичка црква
Евангелско методистичката црква била основана во 1886 година. Своевремено имала и свој храм што бил едноствана, мала правоаголна градба. Камбанаријата била сместена над влезот и со тоа објектот имал карактеристечен изглед. Оваа црква била во склоп на поголемиот комплекс на Американската мисија, односно познатот уште и како Американското училиште во Битола. Денес објектот на оваа црква не постои, но е зачуван натписот на сега заѕиданата влезна порта каде стои „Евангилистичка црква основана 1886.“ („Стив Наумов“ број 18).
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer