Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Битола
Ески чифте амам (Керим бегов амам)

Ески чифте амам (Керим бегов амам)

Керим беговиот амам се наоѓа во горниот дел на градот веднаш спроти ОУ Ѓорѓи Сугарев. Не се знае кога точно објектот бил изграден иако се споменува од страна на Евлија Челеби во XVII век. Амамот според сеќавањата служел како двоен амам односно го посетувале и мажи и жени. За амамот останало запишано сеќавање на Рашела Кохен. Таа раскажува: „Кога дојде времето една од ќерката на кираџиите дa се омажи, отидов на бања заедно со неа. Таму имаше посебен простор каде невестите одеа да се бањаат, ден или два пред свадбата. Внатре имаше базен, можеби два метри долг и два метри и некој чекор широк. Невестите одеа таму пред нивната свадба заедно со нивното потесно семејство. Невестата отиде и  влезе во базенот да се капе. Ние сите ја гледавме. Само невестите смееја таму да влегуваат. Бањата била користена и од мажените жени и невести за нивното слично ритуално чистење. Некои не влегувале и биле исплашени… Мислеле дека имало жаби внатре…“
Објектот има скромни сталактитни и сталагмитни декорации и е покриен со куполи. За споменик на културата бил прогласен во 1969 година. За жал денес овој објект е во фаза на распаѓање, потполно заборавен, оставен на забот на времето.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer