Вилаетски конак
Вилаетскиот конак односно Валијато, седиштето на битолскиот валија бил започнат да се гради во 1831 година. Потребата од нов вилаетски конак се јавила поради фактот што стариот изгорел во пожар во 1827 година. Изградбата на новиот конак се случила за време на валијата Ахмед Ејуб паша. Вилаетскиот конак бил во суштина комплекс од повеќ градби оградени со заедничка ограда. Во конакот имало амам, харем, место за стражарите и војниците, затвор како и управно админстративна зграда што била сместена на улицата веднаш покрај реката Драгор. Тоа била една долга бела зграда со убава фасада. Марко Цепенков овој објект го споредув со „Дворецот на пелистерскиот змеј“. Подоцна, објектот кон средината на покривот добил и купола, па така станал уште поимпозантен. Вилаетскиот конак особено тешко настрадал во гранатирањето на градот, бидејќи бил објект од страшеско значење за силите на Антантата. Делови од објектот опстоиле сè до 1929 година, кога објектот бил целосно срушен, просторот исчистен и на негово место била подогината новата општинска зграда.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer