Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Битола
Џепане Џепане

Џепане

Првото џепане, односно оружарнца, било изградено во близина на касарните. Тоа бил мал правоаголен објект со приземје и пацио. Поради опасноста од експлозија џепането наскоро било преместено. Објектот кој и денес постои е изграден во 1876 година на еден рид, дел од Тумбе Кафе. Тоа е комплекс од 4 градби поставени накрсно изградени со дебели ѕидови од по 80 и 90 см. На дел од градбите е изделкан грбот на Османлискота Империја. Внатре, во северниот објект е насликан графит на турски офицер на коњ. Влезовите на објектите се направени од делкан гранит. Магацините се зајакнати со контафори, кои обезбедуваат вентилација, но и херметичка затвореност. Таваните се полукружни и служат како одлична изолација од влага. Оградата ја граделе мајстори од Смилево ѕидајќи ѕид висок 4 метри околу објектите во форма на крст. Легендата кажува дека кога валијата сакал да им плати на мајсторите за работата, тие му рекле дека „За света работа пари не земаме“. Гледајќи од спротивниот рид видел дека објектите се во форма на крст. Мајсторите оставиле и други тајни белези по ѕидовите, кои до денес се сочувани како што е косиот крст изделкан врз ѕидот на објектот од западната страна.
Во некои пишувања стои дека Илинденците во недостиг на барут соработувале со некој стражар или вработен од барутаната кој скришно по тајни канали ги снабдувал и помагал. Објектот денес е крајно зауштен и заборавен, често мета на крадци и диви копачи.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer