Американско училиште
Не се знае кога точно е изградено ова училиште. Историските ивори посочуваат два датуми, а тоа се 1865 година и 1873 година. На почетокот било замислено да биде наменето за девојчиња, но набргу потоа започнале да се примаат и машки ученици. Сместено било на просторот околу денешната библиотека, Авдентистичката црква и поранешната српска боголсовија, која всушност се вселила во дел од просториите на училитето по Првата светска војна. Основоположници на училиштето биле J.W. Bairds, E.W Jenneys, W.E. Locke и многу други. Според некои истражувања, се добиваат и податоци дека ова училиште било, во суштина, испостава на надалеку прочуениот Роберт Колеџ од Истанбул. Школувањето во ова училиште било беспатно, и интересно е што тука покраај христијаните во некои случаи биле примани и муслимани. Со текот на времето, училиштето започнало да врши дејност и на сиропиталиште. Во училиштето се изучувале мноштво на предмети: математика, алгебра, тригонометрија, физика, хемија, книговодство, филзоофија, хигиена краснопис, еститка и редица други предмети. Интересно е да е се споемене дека во ова училиште учеле Катерина и Григори Цилка, брачнот пар кој стана познат по аферата Мис Стон. Училиштетот одлично функционирало до Првата светска војна, кога американската мисија отворила и болница. По војната училиштето полека замирало за целосно да биде затворено во 1924 година. Објектите на училиштетот ги превзеле други институции. Училишниот комплекс на Американското училиште денес не постои во целост.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer