Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Битола
Воено руждие Воено руждие

Воено руждие

Воените руждии започнале да се отвраат за прв пат за време на владењеето на султанот Абдул Азиз I (1861-1876), а нивниот број се зголемил за време на владеењето на султнаот Абдул Хамид II (1876-1909) година. Битолското руждие е изградено во вториот период, кога се градела екстензивна мрежа на нижи воени училишта, однсоно според Мехмед Тефик, во 1882 година. Објектот имал правоаголна градба. Се протегала на просторот каде денеска е сместен објектот на ЈП Стрежево, а неговата источна страна допирала до Иса Фаќих џамијата. Училиштето имало голем број на ученици. Уште во првата година на постоењето имало 245 ученици.  Наставата треала три години, а се учело во две смени, денски и ноќе.  Во учебната 1900/1 година, кога училиштето имало 534 ученици, директор бил Мехмед Тахир ефенди. Се изучувале следниве предмети: арапски, персиски и турски јазик, османско државно уредување, француски јазик, цртање, правопис, итн. 
Покрај ова училиште постоло и нижо артилериско училиште, кое во учебната 1898/99 година го посетувале 27 питомци.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer