Грчко централно женско училиште (Грчка женска гимназија)
Училиштето било изградено во 1880 година како донација на Јован и Теохар Димитриу-Пиника, видни трговци кои работеле во Египет. Објектот бил изграден на правоаголна основа со три ката. Фасадата изобилувала со штуко украси, работена во западноевропски стил. Денес објектот постои и во него е сместена дел од НУБ Св. Климент Охридски. Ова, во суштина, бил уште еден комплекс на училишни бјекти, бидејќи тука биле сместени и детска градинка за девојчиња како и основно училиште за девојчиња. Севкупно во сите објекти учеле око 409 деца во 1883 година. Во 1906 година имало вкупно 512 деца, во 1912 година 686 ученици, а во 1913 година 627 ученици. Иста година училиштето било затворено. Животот во училиштето бил регуларин со низа прописи, кои требало да го зачуваат моралниот и физичкиот интегритет и на учениците и на наставниците. Забележан останал примерот на Софија Гика, главната учителка во училиштето која била фатена во афера со извесен Есад ефенди, кој бил преведувач во вилаетскиот конак. Случајот бил затворен така што и двајцата ги изгубиле своите работни позиции. Во училиштето се изучувале, јазик, литература, грчка историја, математика, светска географија, цртање, пеење, рачна работа и калиграфија. Ова училиште, во суштина, служело како своевиден центар за наставнички кадар, бидејќи ученичките потоа најчесто се вработувале во основните училишта како учителки. Интересно е да се напомене дека веќе во 1912 година имало 17 грчки училишта со 2500 ученици. Оттука лесно може да се заклучи дека потребата од наставен кадар била огромна, а истиот во 191 година броел 55 наставници. По Првата светска војна објектот на гимназија бил предаден на користење на Богословијата, најверојатно во 1924 година. Подоцна, по војната тука се вселила и ден денес се наоѓа НУБ Св. Климент Охридски.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer