Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Битола
Еврејското женско училиште Еврејското женско училиште

Еврејското женско училиште

По населеување на Евреите во Битола во XV век тие тука развиле свој богат културен, економски и просветен живот. При своите синагоги имале и простории каде се изучувале Талмудот и Тората. Било отворено и едно училиште наречено Талмуд Тора каде се одвивало верското образование. Првото световно училиште во кое Евреите учеле е она на Лазаристичката мисија, изградено во 1868 година, каде биле запишани 6 ученици. Таму, покрај верските предмети се учеле и странски јазици. Всушност, лазаристичката мисија долго време била место каде еврејското население стекнувало образование. Исто така, треба да се напомене дека еврејско население своето образование го стекнувало и во другите грчки, француски и американски обраозовни институции во Битола. Подоцна, во 1893 година, било отворено и посебно училиште специјално наменето за еврејската заедницата. Училиштето го раководел учител од Солун и тука се изучувале предимно занаети. За жал, од овие училишта не останале документарни податоци од кои би можело да се дознае нешто повеќе за нивната локација или изглед. Единствен зачуван објект кој постои до ден денес е еврејското женско училиште отворено во 1903 година. Било подигнато на земјиште кое предходно му припаѓало на некој вакуф. Зад него имало рифаитско теќе, што полека паѓало во заборав. Обејктот претставува импозантна двоспратна грдба, градена во западноевропски стил, со орнаментирана фасада. Просториите биле пространи и добро осветлени поради големиот број на прозорци што објектот ги има. Објектот бил подигнат со средства на Универзалната еврејска алијанса, која, патем, имала голема улога и во отворањето на предходно споменатите световни училишта. Со замирањето на еврејската заедница, како резултат на Холокаустот, овој објект по војната служел како Пионерски дом. Објектот со мали измени на кровната конструкција е зачуван до денес и претставува едно од ретките архитектонски зданија кои опстоиле низ времето и ја раскажува приказната на бројното еврејско население на Битола.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer