Медреса Турклер
Се наоѓала во склоп на Хами Махмуд бег џамијата. Оваа медреса претставувала елитно училиште, каде се образувале кадри со висок квалитет. Била основана во 1521/22 година и била средиште на културниот и научниот живот. Во последната деценија на османлиското владеење била доѕидана уште една училница и две одаи. Мудерис по Хуриетот бил Салих ефенди. Медресата најмнгу настрадала во екот на Првата светска војна кога и џамијата била силно оштетена. Денес сосема парцијално е зачувана.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer