Свети Никола Арбанашки
Урнатините од средновековната црква претставуваат заштитен споменик на културата во Р Македонија. Остатоците се наоѓаат во дворот на приватен имот во горниот дел на населбата Варош, а до 1930-тите години објектот веќе бил во урнатини. Зачуван е дел од апсидата.